По 228 часа (девет и пол дена) поминати под урнатините, спасувачките екипи извлекоа жена и две деца во Хатај по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција, јавува Анадолија.
Прво ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините на зградата „Угур“ во квартот Антаки.
Иако ситуацијата на терен е многу тешка, спасувачите од целиот свет деноноќно ги пребаруваат урнатините со надеж дека ќе успеат да најдат уште преживеани.
Се намалуваат шансите да успеат да ги извлечат преживеаните, но спасувачите не губат надеж, бидејќи вчера пронашле и извлекле неколку лица, меѓу кои и баба и дедо кои поминале повеќе од 210 часа под урнатините.
Вчера, 222 часа по земјотресот, од урнатините беше извлечена и Мелика Имамоглу (42), чиј глас спасувачите го слушнаа додека извлекуваа безживотни тела од урнатата зграда.
Кога Мелика била извлечена на безбедно, спасувачите се прегрнале и плачеле од среќа.