Сека Алексиќ во бикини покажа како изгледа со 14 килограми помалку (ФОТО)

by Тони Зографски

Пејачката Сека Алексиќ ужива во летниот одмор со своето семејство, а неколку моменти од одморот сподели на социјалните мрежи. 

Очигледно пејачката добро се забавува на семејното летување и знае како да се забавува. Изминатите неколку денови нејзиниот профил на Инстаграм е исполнет од видеа кои покажуваат една позабавна страна на пејачката.

На пример како знае добро да го контролира внесот на алкохол во организмот.

Или пак кога ќе сакаш да следиш инстаграм тренд, па ќе го направиш ова:

Пејачката се пофали со нејзината фит линија и во костим за капење покажа дека сега е задоволна од нејзиниот изглед. Сека ослабе 14 килограми со помош на инјекции.

– Борбата траеше со месеци. Со години имав инсулинска резистенција и од мојот ендокринолог добив препорака да започнам со терапија. Користев одредени инјекции, а покрај тоа го променив и начинот на исхрана и почнав редовно да тренирам.

Посилната нејзина половина сопругот Вељко Пиљикиќ, беше актуелен изминатите денови во медиумите откако пејачката објави фотографии од неговото голо торзо.

На една од снимките, Вељко е фотографиран на песочна плажа додека носи даска за сурфање и се упатува кон морето со својот наследник. Сепак, покрај семејната сцена, неговиот изглед го привлече и вниманието на неговите следбеници.

Пиљикиќ го покажа своето извајано тело, тонирани мускули и тетоважи, а фотографијата брзо предизвика бројни реакции на мрежите.

останати вести