На социјалните мрежи интензивно се прошири видео од кино во Бразил во кое две жени се расправаа, а потоа се степаа на крајот од проекција на филмот „Барби“.
Дете гледало во мобилен телефон додека траел филмот
Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало јутјуб видеа на својот мобилен во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо започнала тепачка, а едната потоа дошла до другата, по што ја удрила толку силно, што жената паднала на седиштата.
Тепачката ја прекинала еден човек, додека збунетите посетители биле запрепастени од целата ситуација.
Инаку, Барби во кината е од 21 јули, а само уште во првиот викенд од прикажувањето стана филм со најголема заработка оваа година.
A fight breaks out at the end of #Barbie in Brazil, reportedly due to a woman bringing her kid and letting them watch YouTube during the movie. pic.twitter.com/G3eBKUTto9
— Pop Base (@PopBase) July 25, 2023