Хрватскиот сеизмологот Сњежан Преволник вели дека се надева дека вчерашниот земјотрес со епицентар во Петриња со јачина од 6,2 степени бил најсилниот во оваа серија, но посочи дека претстои период на исклучително голема сеизмичка активност, кој ќе трае можеби подолго од една година. Преволник рече дека најсилниот земјотрес е поразителен.
– Ова е најсилниот земјотрес за кој имаме историско знаење дека се случил на тие простори и тој е еден од најсилните, ако не и најсилните, инструментално снимени во Хрватска – рече тој.
Според него, фреквенцијата на потреси на земјата е толку голема што не минуваат ни неколку секунди без да затрепери.
„Претстои период на екстремна сеизмичка активност што, се плашам, ќе трае многу долго, дури и повеќе од една година“, рече тој.
И српскиот сеизмологот Славица Радовановиќ вели дека земјотресот во Хрватска е уште еден доказ дека започнал циклусот на силни земјотреси на Балканот.
– Треба долго време да се обнови толку силен земјотрес во истиот регион, на пример, Загреб-Петриња. Но, има и други области на Балканскиот полуостров каде немало силни земјотреси многу долго време, а сеизмичката активност пораснала малку – предупредува Радовановиќ за Телеграф.рс и додава дека е тешко да се каже за кое друго жариште ќе станува збор.
– Постојат области во Македонија, Бугарија, Романија, па дури и во источна Србија каде што можат да се случат силни земјотреси, а тоа не се случило многу години – наведува Радовановиќ.