Двајца млади луѓе беа зафатени од силно невреме додека пливаа во близина на плажата Миртос во Кефалонија откако го игнорираа предупредувањето дека доаѓа бура.
Следуваше седумчасовна драма за нивно спасување. Поради огромните олујни таласи и многу силни морски струи, кои се вообичаени на оваа плажа, младите не можеа да излезат од морето кон копното. Спасителот на плажата ги видел во морето, а потоа ја повикал крајбрежната стража.
Хеликоптерот ги пронашол со рефлектори, бидејќи спасувањето продолжило длабоко во ноќта. Спасувачките екипи фрлиле гумен чамец кон нив за да помогнат да се одржат на површина.
Двајцата млади луѓе на крајот беа спасени со помош на хеликоптерската спасувачка единица на Грција.