Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 972 тестови, а регистриран е 313 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 154, Битола – 35, Куманово – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 14, Гевгелија – 10, Охрид и Крива Паланка – по 7, Велес , Штип и Кочани – по 6, Струмица – 5, Струга и Делчево – по 4, Гостивар – 3, Кичево, Неготино, Ресен, Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 2, Тетово, Радовиш, Берово , Виница , Крушево и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (313), регистрирани се 79 реинфекции.
Регистрирани сe 364 оздравени пациенти од: Скопје – 160, Битола – 25, Прилеп , Охрид и Струмица – по 17, Куманово – 15, Кавадарци и Кичево – по 13, Гевгелија – 11, Велес и Кочани – по 9 ,Струга – 8, Тетово – 7, Штип – 6, Гостивар, Ресен и Виница – по 5, Неготино и Берово – по 4, Свети Николе – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар и Кратово – по 2, Богданци, Крушево и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (85г и 83г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се 5 починати лица, од Битола (84г), Валандово (71г), Кратово (68г), Охрид (73г) и Скопје (88г). Две лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 06.08. до 23.08.2022 година.