27-годишно момче почина од ковид-19 во Уругвај, седум дена по појавата на првите симптоми на вирусот. Тој една од 11-те жртви на 19 март, а настрашно во неговиот случај е што упорно одбивал да прифати дека е инфициран, тврдејќи дека станува збор за обичен грип.
Според локалните медиуми, момчето со денови имало симптоми на ковид-19, меѓутоа упорно одбивал помош. Дури потпишал дека не сака да се тестира против вирусот.
– Тој, како и многу луѓе, не веруваше во коронавирус. Веруваше дека боледува од грип, некоја минлива болест на која не треба да ѝ се обрнува внимание. Кај него се почна со кивање, но одбиваше да се тестира, дури и потпиша дека не сака, соопштија надлежните служби.
Тие исто така наведуваат дека семејството на младиот човек секогаш тврдело дека „политичарите ја измислиле короната“.
– Имаше симптоми околу една недела, но дури и кога состојбата почна да се влошува, тој секогаш велеше дека не сака лекарска помош – објаснуваат надлежните.
Наводно, по неколку дена, загриженото семејство успеало да го убеди да направи PCR-тест и пристигнал позитивен резултат. Иако наскоро бил примен во болница, тој не бил спасен.
Девојката на починатиот млад човек исто така била заразена, но исто како и нејзиниот партнер, таа одбила да добие медицинска помош. Во неделата нејзината состојба драстично се влошила и итно била примена во болницата во Минас.
– Постојат луѓе кои го негираат постоењето на болеста. Состојбата во целата покраина е загрижувачка. Лекарите велат дека на интензивна нега има се помалку слободни кревети – велат надлежните.