Еден турист изнел сериозни обвиненија на сметка на ресторанот на Корнатските острови, тврдејќи дека бил жртва на измам затоа што му било наплатено повеќе од цените кои биле наведени во менито.
Туристот се пожалил на третманот во ресторанот на Корнатските острови во Хрватска каде, како што тврди, бил жртва на измама затоа што му била наплатена повисока цена од онаа која била напишана во менито.
Ова непријатно искуство го доживеал на 7 август и одлучил да го раскаже за „Морски.хр“.
Тој наведува дека во менито школките чинеле 35 евра, додека пак кога ја добил сметката на неа биле наплатени 40 евра. Истата ситуација се случила и со бифтекот од туна.

Тој го предупредил келнерот за разликата во цената, на што тој одговорил дека „цените во менито не се релевантни“.
Му укажал дека таквиот начин на работа не е легален, а тој му рекол дека „пред неколку денови во нивниот објект имало инспекција“ и дека „сѐ е во ред“. Туристот рекол дека келнерот имал агресивен пристап и дека бил безобразен, па поради тоа се откажале од понатамошен разговор.
„Морски.хр“ го повикале сопственикот за да ја слушнат и неговата страна од приказната. Сопственикот бил зачуден како цените биле различни зошто тие мора да бидат усогласени со оние на фискалната каса. Подоцна во пишаниот одговор сопственикот навел дека станувало збор за „мени од минатата година којшто бил користен за обука за нови келнери“.
„Келнерот којшто бил вклучен во тој процес е отпуштен и заменет со нов човек. Рамарис системот не дозволува промена на цените од менито за секој гостин така што цените во системот се идентични со оние во менито. Им се извинивме на гостите, сметките биле издадени по новото мени, а разликата од 35 до 40 евра ја надоместивме за гостите да не се чувствуваат непријатно и касата да ни биде уредна“, навел сопственикот во одговорот.