По бројните реакции за бетонирањето на земјените патеки во паркот, градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска одлучи патеката околу лавиринтот да не се вади, туку врз него да се стави црвен тартан за да не изгледа бетонизиран просторот.
Поранешниот градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар на социјалната мрежа Фејсбук, нарекувајќи ја оваа постапка „циркуз“.
„Сега уште Форест Гамп ни фали да трча околу за да се докомплетира циркузот“, стои во објавата на Шилегов.
Фото: К. Попов („Сакам да кажам“)