Британска пејачка од Косово, Дуа Липа која деновиве се најде во центарот на вниманието поради нејзините изјави за независно Косово и Голема Албанија, беше гостинка во шоуто “First we Feast”, во кое изјави дека лесковачкиот ајвар е традиционално албанско јадење.
Додека ги пробуваше лутите сосови во шоуто, таа во еден момент ги спомена традиционалните албански јадења, кои, како што вели, се вистински деликатес. Во тој момент, таа почна да зборува за ајварот, објаснувајќи му на домаќинот што е ајвар и велејќи дека сака да го јаде со сè.
Иронично, во емисијата се прикажани фотографии од ајвар спакувани во тегли со зборовите „Лесковачки ајвар“. Во истата емисија, таа спомна и пита со зелка, изјавувајќи дека е уште еден специјалитет од Албанија што луѓето треба да го пробаат