Холивудскиот глумец Мајкл Џеј Фокс кој долги години се бори со Паркинсоновата болест, рекол како се забавувал со некои од најубавите жени во светот, а не може да се сети на ништо од тоа. Фокс на 29 години му беше дијагностицирана тешката болст, кога почна да го губи паметењето.
Неодамна јавно зборуваше за тоа дека состојбата му е влошена, но и дека и понатаму ќе се бори.
Во интервју за „Сандеј Тајмс“, рече дека почнал да заборава и на девојките со кои се забавувал.
„Погледнете ги сите девојки со кои излегував. На некои од нив не можам да се сетам“, рече Фокс и додаде дека излегувал со пејачката од групата The Bangles, Сузан Хофс.
Двајцата се забавуваа во 1986 година, пред Фокс да ја запознае Трејси Полан со која се венчаше во 1988 година. Двајцата до денес се во брак и важат за една од најдолгите врски во Холивуд.