Нинослав Јовановиќ, познат како Малчански бербер вчера беше уапсен по 17 дена бегство, а откако претходно ја киднапира малата Моника К. (12). Тој ја помина првата ноќ во Казнето-поправниот завод во Ниш, а денеска го посетиле татко му и брат му за да му донесат облека да се пресоблече.
Таткото Душко и братот Небојша, се револтирани од злоделото на нивниот син и брат.
-Не сакавме воопшто да одиме да го видиме, но не замолија луѓето од полиција да му донесе облека бидејќи неговите алишта комплетно ќе се носат на анализа. Кога влеговме во ќелијата го најдовме свртен со грб, па полицаецот му рече да се сврти. Му реков: “Како не ти е срам, срам да ти е“, а младиот син му рече: “Сега ме виде и никогаш повеќе“. Збор не преговори. Сам си го одбра патот и треба да одговара за тоа што го стори. Јас да се прашувам, треба да одговара според турскиот закон, на бесилка – изјави за Блиц, Душко.
Инаку Нинослав Јовановиќ е сам во ќелијата во затворот во Ниш. Денеска тој требаш да биде одведен во Јавното обвинителство на сослошување.
-Не прави проблеми и послушен е. Утринава појадуваше. На една нога носи лонгета бидејќи го шина скочниот зглоб при бекството од полицијата, а и малку е изгребан – вели извор за Блиц.