Познатата актерка и секс-симбол на 80-тите Ким Бесинџер се појавила на забава која ја организирала нејзината ќерка Ајрланд Болдвин, а се славело „baby shower“ на доаѓањето на свет на првото бебе на прекрасната ќерка на Ким и Алек Болдвин.
На забавата освен познатата мајка била присутна и ќерката на Брус Вилис, Румер, како и Хилари Даф.
69-годишната мајка блескала од среќа додека ја напуштала забавата.
Алек Бoлдвин и неговата сегашна сопруга Хиларија со која има седум деца, не присуствувале на забавата. За ова последно појавување на Ким Бесинџер во јавноста таа носела одело кое го комбинирала со елегантна, црна маица.
Ајрланд објавила и низа луди фотографии на својот Инстаграм профил од забавата, вклучувајќи ги и оние со нејзината мајка.
„Сега личи на Мики Рурк“, „Сигурна сум дека е тешко да се старее пред очите на јавноста, но оваа – претерала“, „Никогаш не сум видел поубава жена од неа и оваа сцена ме растажува“, „Зошто си го направила ова? Разбирам неколку корекции, но вака си се уништила“, „Отсекогаш сум мислел дека е една од најубавите жени во Холивуд, но сега е страшна“, биле само дел од коментарите.
Ким ја стекна славата како Бондовата девојка во 1983 година и важеше за една од најубавите жени во наредните две децении.
Таа и Мич биле пријатели 20 години пред да ја започнат својата романса во 2014 година, развој кој го нарекла „прекрасно изненадување“.
Инаку, Ким го запознала Алек Болдвин на снимање на романтична комедија во 1991 година, а две години подоцна се венчале, додека во 1995 година го добиле своето прво дете, ќерката Ајрланд. Меѓутоа, во 2000 година бракот им се распаднал, а тој резултирал со развод во 2002 година.
Кога парот се развел, таткото на Ким, Дон Бесинџер изјавил дека темпераментот на Алек бил виновник за распаѓање на бракот.