Поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп по излегувањето од Белата куќа не сакала да комуницира со медиумите и вешто ги избегнувала местата на кои фотографите можеле да ја фотографираат.
Меланија Трамп за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп привлекуваше огромно внимание, како во медиумите така и во јавноста, но и во модниот свет.
По излегувањето од Белата куќа, Меланија ретко кој ја видел, а се зборуваше и дека се разведува од Доналд Трамп.
Неколку пати таа била фотографирана во Њујорк, а сите забележале дека го сменила и својот моден стил.
Имено, Меланија сега е најмногу заинтересирана за деловни изданија и спортска елеганција.
Таа не се откажала од скапоцените брендови, како што се „Hermes“, „Burberry“ и „Christian Louboutin“.
Таа останала доследна и едноставна, но сепак носи ефектни комбинации кои на многумина им се допаѓаат.