Поранешната евровизиска победничка Кончита Вурст од многумина не беше препознаена кога се појавила во специјалната „Евровизија“. Победничката на Евросонг за 2014 година таа година се појави во долг фuстан, со долга коса и брада, поради што предизвика скандал.
Откако призна дека е заразена со ХИВ, Кончита синоќа се претстави пред евровизиската публика во ново издание. Со бела маичка, црна капа, и со кратка коса, без препознатливата перика.
„Дома сум, како повеќето од нас. Се надевам дека сте добро во овие предизвикувачки времиња. Најубавата работа што ми се случи изминативе неколку недели е што едвај носам долна облека и тоа многу ми се допаѓа. Останете дома, бидете сигурни и бидете немирни“, порача Кончита.