Северина денеска беше уапсена на аеродромот во Загреб на барање на сплитската полиција. Како што објави „Jutarnji list“, причината за приведувањето е жестоката караница во домот на мајката на пејачката, каде што се тепала со сестра ѝ Маријана.
Според пријавата на Маријана, Северина ѝ се нафрлила пред нивната мајка во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Маријана заминала во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди.
Северина била приведена 12 часа по инцидентот, потврди нејзиниот адвокат Мате Матиќ. Полицијата не ја задржала долго Северина, која, според Матиќ, исто така има повреди.
„Се чини дека и Северина има повреди, па и ние ќе поднесеме кривична пријава“, изјави Матиќ.