Северина денеска го прославува својот 51-ви роденден.
Северина на Инстаграм сподели слика од периодот кога беше бремена, а нејзиниот блажен израз на лицето е доказ за тоа колку со нетрпение го чекаше Александар, кого го донесе на свет пред 11 години. Како што открива, за безусловната љубов дознала дури кога станала мајка.
– (Како) од мајка (јас) се родив пред педесет и една година. Пред нешто повеќе од 11 години и самата станав мајка и почувствував што е безусловна љубов. Нема ништо поубаво на светот од тоа кога вашата прва честитка е од мало чудо што ви пораснало под срце, – напишала пејачката која објави црно-бела фотографија и ги воодушеви нејзините следбеници.