Хрватската пејачка Северина Којиќ, беше уапсена синоќа во Белград за време на полицискиот час .
Северина со втомобил марка BMW со загрепски регистрации, била сопрена од страна на полицијата во Нов Белград. При проверката е утврдено дека пејачката нема дозвола за движење во тек на полициски час и е приведена.
Инаку, Северина на полицијата прво рекла дека заминала во аптека, а потоа ја променила својата приказна и изјавила дека излегла да го препаркира својот автомобил.
Според српсите медиуми, сепак, главна причина за прекршување на полицискиот час од страна на хрватската пејачка била кавгата со својот сопруг, Игор Којиќ, по што таа истрчала на улица и со возилото се упатила во непознат правец.
фото: Курир.рс