Хрватската пејачка Северина Којиќ, венчаното презиме го избриша од Инстаграм. Овој потег фановите веднаш го забележаа, па почнаа да се шират шпекулации дека нешто не е во ред со нејзиниот однос со сопругот Игор.
Неодамна, на едно доделување на музички награди таа се појавила сама, што веднаш им паднало во очи на присутните, бидејќи вообичаено никаде не оди без Игор. Веднаш по манифестацијата си заминала и не останала на коктел. Тие дури ниту не разменувале пораки во текот на вечерта.
На новинарското прашање каде е Игор, Севе само накусо прокоментирала дека е дојдена сама, открил извор кој што бил на лице место, па додал:
“Не сакаше да одговара на прашања поврзани со сопругот, што на сите им падна чудно. Цело време уживаше во друштво на децата кои беа со неа на бина. Игор воопшто не го спомена, што до сега беше незамисливо“ – додал изворот.