Атрактивната Северина Којиќ најверојатно решила да се разведе од нејзиниот сопруг Иван, по нецели три години брак.
Причина за тоа е што српската снаа не се појавила на концертот на свекорот Драган Којиќ Кеба, иако било предвидено нејзино гостување.
„И порано имаа расправии, но Северина ја почитуваше фамилијата на Игор. Но, мислам дека сега е извесно дека таа всушност бараше причина за развод. А дека на Кеба не му беше лесно покажува тоа дека заплака на концертот. Судејќи по развојот на настаните, тешко е да се каже дека тие беа солзи радосници“, вели близок пријател на семејството Којиќ.