Хрватската пејачка Северина во петокот го одржа првиот од двата закажани концерти во „Арена Загреб“, а на социјалните мрежи кружи видео каде пејачката паѓа на сцената во екстаза.
Имено, може да се види како скока на сцената со насмевка и држач за микрофон во рацете додека ја изведува песната „Tvoja prva djevojka“.
Сепак, набрзо се сопна и заврши на сите четири и накратко легна на сцената. Продолжи да пее, а потоа прсна во смеа.
Тоа не ја спречи пејачката да го продолжи својот настап во добра атмосфера, а публиката ја поддржа со аплауз.
„Ако паднеш, исправи ја круната и продолжи да чекориш. Така прават кралиците.“
„Што има врска што паднала? Таква кралица повеќе нема да се роди.“