Северина објави нови фотографии на Инстаграм од плажата на Малдивите каде што отпатува пред неколку дена.
„Врамете ме, складирајте ме, на трошен ѕид, во старо атеље… А,јас го чекам тој повик на литар-два, аритмии кои ми скокаат по срцето, лоша глума и непотребни прашања, паѓа во вода сè кога ќе ја видам…“, напиша 52-годишната пејачка во описот на објавата. Текстот е од песната „Аритмија“ која ја сними со босанските рапери Јал Брат и Бубо Корели.
Таа претходно позираше во розев, лелеав долг фустан од „Макс Мара“, чија цена на веб-страницата е околу 2.800 евра.