Пејачката Северина Којиќ на прес конференцијата изнела тешки обвиненија на сметка на училиштето на нејзиниот син. Северина тврди дека учителките го злоставувале.
„Учителките на мојот сопруг Игор не му дале да го земе детето од училиште, туку син ми го заклучиле и физички го злоставувале. Учителките син ми го влечеле за рамената и за стомакот. Син ми сакал да дојде кај Игор, ама не му дозволиле. Добивам заканувачки мејлови од мојот бивш сопруг Милан. И сето тоа се случува бидејќи таткото на детето ми рече дека ќе ми го одземе синот. Милан наводно ја платил кампањата на градоначалникот Бандиќ, а училиштето во кое се случи сè, е под градска управа. Чувствувам дека нешто е гнило во Хрватска“, рече Северина на прес-конференцијата.
„Иако по судскиот договор мојот сопруг има право да го земе детето од училиште, сепак директорката на училиштето, која има многу тужби од други мајки, заедно со таткото се договориле никој освен мене да не смее да го земе детето, па така јас сум единствената мајка која не може да си ја заврши својата работа. Јас сум единствена мајка која не може да биде болна, имено, им испратив извинување бидејќи имав мала повреда на проба за танц итн… До денес од тоа училиште никој не ме повикал, добивам заканувачки меилови од таткото, детето не сака да учи во тоа училиште, бидејќи доживеало мала траума. Син ми мислел дека цело време ќе биде затворен во училиштето“, продолжила пејачката и ја раскажала ситуацијата која наводно се случила.
„Го влечеле за раце, за рамена, за стомак, а за сето тоа имам и лекарска потврда. Му се заканувале дека ако стане од столчето, бидејќи велел дека сака да оди кај Игор – ќе го истепаат. Дури после два ипол часа малтретирање, директорката која не се појавила во училиштето, рекла дека таткото дал дозвола мојот сопруг да го земе детето“, тврди Северина.
Северина рекла и дека не можела веќе да ги поднесе притисоците, па затоа решила да прозбори јавно.
„Јас сум единствената мајка која не смее на својот инстаграм-профил да објавува слики од сопствениот син зашто мојот бивш сопруг го реши тоа на сомнителни начини“, додала Северина.
Од училиштето на Александар не одговориле на обвинувањата на пејачката.
Uživo smo press konferenciji povodom Severinine velike regionalne turneje "The Magic Tour"
Posted by Jutarnji on Thursday, October 17, 2019