Според пријатели на хрватската пејачка Северина, таа наводно е бремена, потврдија пријатели за српските медиуми.
Северина сака првите денови од бременоста да ги помине во мир, па затоа не дошла да пее како гостинка на концертот на нејзиниот свекор, фолк-пејачот Драган Којиќ-Кеба во Белград, тврдат пријателите.
„ Северина и Игор Којиќ го очекуваат првото дете, но тоа го кријат од јавноста. За убавата вест се имаат пофалено само на потесното семејство. Не е точно дека поради настинка таа не дојде да пее на концертот на Кеба. Северина се пази во првите денови од бременоста, што е нормално за една жена од 46 години“, рекле пријатели на Северина.
Инаку, пред десетина дена српските медиуми објавија дека хрватската пеачка оди на вонтелесно оплодување во Будимпешта. Од првиот брак со бизнисменот Милан Поповиќ таа го има синот Александар.