Апелација ја потврди затворската казна за бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“. По жалба на обвинетиот, казната е намалена од 6 години на 4 години и 8 месеци.
Делумно се уважени и жалбите на Василије Авировиќ, управител на фирмата „Силекс неметали“, кој доби алтернативна мерка, условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во времетраење од две години, која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од пет години по правосилноста на пресудата не направи ново кривично дело, соопштија од Апелацискиот суд.
Кочан и Авировиќ во јули минатата година беа прогласени за виновни во судскиот процес „Труст”, за злоупотреба на јавна набавка.