СДСМ ќе ги добие директорските места во Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Финансова полиција, Македонски железници, Дирекција за заштита и спасување и Агенцијата за катастар на недвижности, дознава стандард.мк.
Претходно се појавија информации дека ДУИ ќе ги добие овие места, а вицепремиерот Артан Груби на вчерашната прес-конференција изјави дека со СДСМ ќе направеле „само размена на неколку директорски столчиња“, со цел „освежување“ на некои сектори.
Неофицијално, помалиот коалиционен партнер ќе ги добие заменичките министерски места во МВР, одбрана, здравство, правда и транспорт. Односно, екс директорот во Телеком Назим Буши ќе биде заменик во МВР, Башким Хасани во одбрана, актуелниот директор на Торакална Клиника Илир Хасани ќе биде заменик на Филипче, сегашниот заменик во МВР Агим Нухиу се сели во правда.
До крајот на неделава се очекува да бидат официјализирани имињата за заменици министри и директори.