Блејк Лајвли неуморно и со полна пареа работи на промоција на новиот филм „It Ends With Us“.
На филмски настан во Лондон, 36-годишната актерка се појави во смел стајлинг. Таа шармираше во бел костум со цветови, но под него не носеше ни маичка, ни градник.
И’ по четири породувања, Блејк изгледа феноменално, а сето тоа благодарение на, верувале или не, доењето.
„Не се грижам за губење на тежината. Внимавам што јадам, бидејќи за време на доењето тоа го јаде и моето бебе. Моето деколте го должам на доењето”, изјавила еднаш актерката и горда мајка на четири деца.
Убавата сопруга на Рајан Рејнолдс како и секогаш привлече многу, многу погледи и комплименти.