Седумгодишната свиња по име Јагода (Strawberry) стана вирална сензација откако нејзиното видео се појави на социјалните мрежи.
Таа решила да „направи забава“ по прославата на Денот на независноста и да ги изненадила сопствениците, пренесува Daily Star.
Имено, американската двојка го прославила празникот, а останатите залихи пиво ги оставиле во гаражата. Она што не го очекуваа е Јагода да упадне и да испие сѐ.
На TikTok се појави видео од розовото милениче како се тетерави, се сопнува и паѓа низ дворот, заедно со десетици празни лименки расфрлани на земја.
Но… Јагода не била сама. Друштво ѝ правела патка!
„Нашето прасе реши да се почести со пиво. Погледнете колку е пијана“, вели сопственикот пред камерата.
Урнебесните кадри предизвикаа големо внимание и илјадници коментари од корисниците. Видеото „собра“ повеќе од два милиони прегледи.
„Не можеме да веруваме колку внимание привлече Јагода. Добро се носи со славата“, со шеговит тон рекоа сопствениците.
Еден ден подоцна, Јагода била добро и ѝ понудиле обилен оброк. Уживала, меѓу другото, во чипс од тортиља и овошје, откриле Американците.