Српскиот виолинист со светска слава Стефан Миленковиќ ќе одржи концерт во Скопје, на 23 март во Македонската Филхармонија.
Миленковиќ, на почетокот од кариерата го нарекуваа чудо од дете, а целата јавност во поранешна Југославија беше фасцинирана од неговиот талент. Сега, тој е професор на факултетот за музичка уметност на Универзитетот Илиноис во САД. Исто така е професор гостин на Факултетот за музичка уметност во Белград.
Прв пат почнал да свири на три години, а потоа ја имал честа да свири пред познати државници како Горбачов, Реган и Папата Иван Павле втори. Во слободно време, тој и е посветен на својата голема страст, скоковите со падобран. Миленковиќ соработуваше со Влатко Стефановски со повеќе концерти низ регионот, а во 2011 одржаа концерт во Охрид. Продукцијата „Прагма“ е организатор на концертот.