Непознато лице закачило свинска глава на вратата од џамијата „Евинг Селимије“ во Дортмунд,Германија. Џамијата работи во рамките на Турската исламска унија за верски прашања (ДИТИБ).
Во соопштението на социјалната мрежа на управата на џамијата се посочува дека нападот бил „расистички и одвратен“. Од таму соопштија дека таквите напади нема да ги заплашат.
-Овој одвратен чин беше остро осуден од нашиот управен одбор“, се вели во соопштението, објави „Ливик“.
Тие истакнаа дека ксенофобијата, антиисламизмот и десничарскиот екстремизам не можат да ги спречат жителите на Дортмунд и Евинг да живеат во мир.
За поддршката им се заблагодариле и на градоначалникот на областа Евинг, Оливер Стенс и на заменикот на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, Волкан Баран.
Безбедносната камера покажува дека непознато лице дошло на вратата од џамијата во 4.32 часот,обесило свинска глава и се сликало со неа.