Уште во 2021 година наводни СМС пораки на 36-годишниот актер Арми Хамер од разни жени биле објавени на интернет, вклучувајќи ги и пораките во кои наводно детално ги опишува своите наводни канибалистички фантазии и фетиши.
Го обвиниле и неколку жени за насилно однесување. Првпат по две години Арми дал интервју за „Er Mail“ каде проговорил за обвиненијата, открил дека размислувал за самоубиство и кажал дека неговото интересирање за BDSM почнало откако сексуално бил злоупотребуван како тинејџер.
За злоставувањата кои ги доживеал како тинејџер
Арми вели дека неговите интересирања за BDSM започнале откако свештеник сексуално го злоупотребувал кога имал 13 години.
„Тоа што го направи за мене е што воведе сексуалност во мојот живот на начин којшто беше целосно надвор од мојата контрола. Бев немоќен во таа ситуација. Не можев ништо да направам. Сексуалноста ми беше претставена на застрашувачки начин каде немав контрола. Тогаш моите интереси беа – сакам да имам контрола над ситуацијата, сексуално“, истакнал тој.
За своите односи со лица кои го обвиниле за злоставување
Арми признал дека „динамиката на моќта била исклучена“ и признал дека бил „милион отсто“ емоционално убедлив кон своите партнерки.
„Би ги имал овие млади жени во средните 20-ти години, а јас во своите 30-ти. Во тоа време бев успешен актер. Можеа да бидат среќни само што биле со мене и би се согласиле на работи за кои можеби инаку на никого не му кажате „да“. Тоа е неверојатна моќ на ситуацијата“.
За размислувањата за самоубиство по обвиненијата
Арми открил дека размислувал за самоубиство додека животот почнал да му се распаѓа.
„Би влегол во океан и би пливал колку што можев, а потоа се надевав дека ќе се удавам или ќе ме удри чамец или ќе ме изеде ајкула“, се присетил актерот на животот на Кајманските острови.
„Потоа сфатив дека моите деца сè уште се на крајбрежјето и дека тоа не можам да им го направам нив“.
Арми има две деца – ќерката Харпер (8) и синот Форд (6) со поранешната сопруга Елизабет Чејмберс.
За своето однесување по обвиненијата и дополнителните обвиненија
Иако негира било какви кривични дела, Арми признава дека имал свои проблеми и поминал многу време работејќи на себе.
„Тука сум да ги признаам своите грешки, да преземам одговорност за фактот што бев кретен, дека бев себичен, дека ги користев луѓето за да се чувствувам подобро, а кога ќе завршев, продолжував понатаму.
Сега сум поздрав, посреќен и подобар. Можам да бидам тука за своите деца на начинот на којшто никогаш не сум бил. Навистина сум благодарен за својот живот, не би се вратил назад за да уништам сè“, рекол актерот.
За тоа каде е сега во животот
Арми вели дека животот му се подобрил по закрепнувањето и сега работи како трезен сопатник на зависник којшто закрепнува.
„Ќе се преселам кај него и ќе живеам со него, ќе го наведам на здрава рутина, ќе го воведам во добриот распоред, во теретана, ќе му правам здрава храна. Се чувствувам дека моето закрепнување ме направи да бидам таков што сега на другите им помагам“, заклучил актерот.