По три години врска и три деца, вчера, на свечена церемонија која се одржа во Севиља, 33 годишниот шпански фудбалер Серхио Рамос се ожени со 41 годишната тв презентерка Пилар Рубио. Парот изгледаше прекрасно, а црнокосата убавица во раката носеше необичен букет со црно обоени цветови.
Двојката е заедно од 2012 година и имаат три деца, четиригодишниот Серџио, тригодишниот Маркос и Алехандро кој има само една година.
Настанот беше опишан како свадба на годината во Шпанија, откако во Севилја дојдоа околу 500 гости, меѓу нив и голем број фудбалски ѕвезди.
Лука Модриќ пристигна во друштво на неговата сопруга Вања, додека на Мате му се придружи и неговата сопруга Изабел. Дејвид и Викторија Бекам не ја пропуштија шансата да привлечат внимание. Облечена во бел фустан и розеви потпетици, таа го прекрши дрескодот, откако беше сугерирано да не се носи црвено, портокалово, зелено, бело или розево.
Фудбалерите беа фотографирани пред Катедралата во Севиља, каде што Серхио Рамос и Пилар Рубио се венчаа.
Свадбата продолжи со приватна забава на која се забранети мобилни телефони и најавен е ексклузивен настап на легендарниот австралиски хард рок бенд „Еј-Си/Ди-Си“, кој за тоа наводно ќе биде платен еден милион евра.
Инаку, меѓу гостите ги немаше Кристијано Роналдо, кој е на одмор во Грција и Икер Касиљас и неговата сопруга Сара Карбонеро, кои во изминатиот период се соочија со сериозни здравствени проблеми. Не се појавија ни Жерард Пике и Шакира, како и Зинедин Зидан.