Адвокатот Џејмс Секстон од Њујорк, е познат правен експерт кој е автор на повеќе бестселери за развод, вклучително „If You’re In My Office, It’s Already Too Late: A Divorce Lawyer’s Guide to Staying Together“ и „How to Stay in Love: Practical Wisdom from an Unexpected Source“.
Работел со многу парови и двете главни причини за развод биле прељубата и парите.
Врз основа на искуството на луѓето кои го ангажирале во своите бракоразводни парници, мажите се тие кои секогаш сакаат повеќе секс, додека жените копнеат за подобри искуства во спалната соба, бидејќи „мажите сакаат квантитет, а жените бараат квалитет“, како и дека тоа е суштинската причина зошто мажите изневеруваат, што секако не ги оправдува, бидејќи на врската треба да се работи, па доколку има проблем треба да се бара решение – доколку не се најде, крајот е неизбежен, но, прељубата е сè освен добра опција.
Адвокатот навел дека употребата на порнографија преовладува кај мажите како показател за точноста на неговата теорија и додал: „Ова е истата причина зошто порнографијата е попопуларна меѓу мажите отколку кај жените, бидејќи мажите само сакаат да „ја завршат“ работата“, пишува „Mirror“.