СВЕТСКИ КУП ВО СКИЈАЊЕ: Почеток и крај во Банско со Шофрин

by Тони Зографски

 

Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов

 

-Американката по стартната победа во спустот беше прва и во денешниот супер велеслалом

Михаела Шифрин денеска со триумфот во супервелеслаломот во Банско ја извојува 66-тата победа во Светскиот куп.Таа со новите 100 поени се зацврсти на првото место во генералниот пласман со 1.225 бодови. Втора и натаму во генералниот пласман е Федерика Брињоне со 885 бодови,која денеска немаше среќа и на 7 врати до целта падна .Инаку до овој несреќен момент таа беше со најдобро време и по освоеното второ и трето место во претходните два спуста можеше да дојде и до победа.Но,во ваквите брзи трки никогаш ништо не може да се прогнозира.
Така,по трите натпреварувачки дена во Банско останува констатаацијата дека почетокот и крајот и припаднаа на Американката Шифрин. Таа денеска во суперџито делуваше стабилно и не направи ниту една грешка. Со голема умешност минуваше низ вратите и беше уживање да се гледа. На крајот беше наградена со громогласен аплауз од гледачите,кои во сите три дена ја исполнуваа трибината.

Денеска Шифрин постигна резултат од 1.10,88 минути и за 29 стотинки беше побрза од Италијанката Марта Басино,која и вчера во спустот беше на истата позиција. Трета беше Швајцарката Лара Гут-Бехрами,која заостануваше зад победничката за 70 стотинки.

Шифрин, со денешната победа, го презеде водството и во вкупниот пласман во супервелеслалом. Сега е на чело со 186 бода пред Корине Шутер која има 150 бода.
Така,со доминација на Михаела Шифрин минаа трите трки за Светскиот куп на одлично подготвената патека на Пирин во Банско.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com