Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов
-Репрезентативките на Италија имаа троен триумф во вториот спуст во Банско.
-Елена Куртони беше најбрза и победи
Во вториот спуст за Светскиот куп во Банско се случи големо изненадување. На првите три места,што е реткост и невообичаено за спуст трките од СК се пласираа скијачки од иста земја. Така, и по овој куриозитет Банско ќе влезе во аналите на светското алпско скијање. Овој пат големото изненадување го приредија Италијанките. Тие се изборија за првите три места и така не дозволија вчерашната победничка Микаела Шифрин повторно да се искачи на пиедесталот .Таа на крајот беше четврта.
Сите честитки денеска и припаднаа на Елена Куртони, чија сестра Ирене во минатите години исто како помладата Елена беше учесничка во трките за СК, но ниту еднаш не успеа да победи. Затоа пак овде во Банско Елена ја донесе првата победа во СК во семејството Куртони. Ова беше четврти пиедестал за неа зашто досега имаше едно второ и две трети места во трките за СК. Елена ја мина патеката за 1:29,31 минути. Втотопласираната Марта Басино заостана за 10, а второпласираната од вчерашниот спуст Федерика Брињоне беше трета со задоцнување од 14 стотинки. Американката Шифрин,која е водечка во генералниот пласман во СК беше четврта .
Утре на програмата во Банско е супервелеслаломот.