СВЕТСКИ КУП ВО СКИЈАЊЕ ВО БАНСКО: Шифрин ниже победи

by Тони Зографски

Специјално за улица.мк од Банско: Зоран Михајлов

Американската скијачка Микаела Шифрин ја потврди својата доминација во Светскиот куп и покажа дека во моментов е најдобрата и најсестрана светска скијачка.Таа денеска прва мина низ целта на Бандеришка Полјана ,на Пирин во Банско и така ја забележа втората победа во најбрзата алпска дисциплина, инаку 65 во кариерата во Светскиот куп.

Шифрин ја мина патеката за 1:29,79 минути и беше за 18 стотинки заостанување од второпласираната Италијанката Федерика Брињоне. Трета со задоцнување од 23 стотинки низ целта мина Јоана Хелен од Швајцарија.

-Патеката беше тешка и бараше многу технички финеси .Јас успеав да ги избегнам многуте стапици и прва да минам низ целта,И утре ќе одам на победа… рече на пресот Шифрин.
Во Банско утре ќе се вози уште еден спуст. Тој е од редовната програма, а денешниот всушност беше спуст кој беше префрлен од Вал Д Изер. Во недела е супервелеслалоот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com