Валерија Маца пред десетина дена наполнил 52 години. Роденденот го прославила во Мадрид со семејството. Фотографиите од тој настан откриваат како денес изгледа аргентинската манекенка.
Валерија Маца и денес блеска со својата природна убавина, а модното издание укажува дека е љубителка на „Barbie“ модниот тренд. Славела со сопругот и нивните деца.
Приказната за нејзиниот брак е дури и контроверзна поради следните детали.
Познатата манекенка го запознала бизнисменот Гравиер во 1998 година во Буенос Аирес, истата година се венчале во овој град на хиподромот „Argentino de Palermo“ пред 1.500 гости.
Првата дете го добиле во 1999 година, а радосни вести за потомство пристигнале и во 2002, 2005 и 2008 година. Нивните деца живеат во главниот град на Аргентина.
Валерија и нејзиниот маж поседуваат раскошен имот во Уругвај каде секоја година организираат забава со познати личности. Пред 16 години тие биле под истрага на аргентинската даночна служба „АФИП“ под сомнение дека проневериле два милиони долари.
Многу критики пред неколку години предизвикала приказната дека Алехандро ја терал сопругата по секое породување да се врати на својата моминска тежина, што таа и самата го изјавила.
Со тоа ја згрозила јавноста која му доделувала негативни „титули“, а таа подоцна изјавила дека неговите намери не биле лоши, инсинуирајќи дека сакал да ја мотивира.
Валерија Маца и денес е во топ форма, а се надеваме дека зад тоа се крие нејзината желба да изгледа така, а не ултиматумот на нејзиниот сопруг.
Кариерата на Валерија Маца всушност започнала во 1986 година, кога познатиот фризер од Сицилија, Роберто Џордино, ја советувал дека таа би требало да се занимава со моделинг, па набрзо таа од родното Росарио, заминала во Буенос Аирес и победила на натпревар за убавина.
Следела соработка со модни брендови, потоа и улоги во ТВ серии, а се занимавала и со телевизиско водителство.