Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, рече дека ризикот од коронавирус е драстично намален, но додаде дека нова пандемија сигурно доаѓа.
Гејтс на конференцијата за безбедност во Минхен посочи дека веројатно ќе биде пандемија предизвикана од друг патоген од семејството на коронавирус.
Сепак, Гејтс додаде дека напредокот во медицинската технологија може да му помогне на светот подобро да се справи со новата пандемија, доколку сега се инвестира во неа.
„Ќе имаме нова пандемија. Следниот пат ќе биде нов патоген“, рече Бил Гејтс.
Тој, исто така, оцени дека по две години од почетокот на пандемијата на коронавирус, тој веќе не е толку опасен бидејќи светската популација има стекнато одредено ниво на имунитет, како и земајќи го предвид фактот дека последниот вид – „омикрон“ е помалку заразен од претходните.