Ќерката на јужноафричкиот лидер против апартхејдот, Нелсон Мандела, Зиндзи Мандела почина утринава во болницата во Јоханесбург во 59-тата година од животот. Не е објавена причината за смртта.
Зиндзи ја запозна меѓународната јавност во 1985 година кога го прочита писмото од татко ѝ преку кое ја одби понудата на тогашната бела влада во Јужна Африка да ги осуди војните активносто на Африканскиот национален конгрес кој се бореше против апартхејдот и бруталната расна дискриминација, како би бил пуштен од затвор.
Инаку, Зиндзи Мандела беше амбасадор на Јужна Африка во Данска.