Утринава пакистанската армија собори два индиски авиони, објавија војни извори на Пакистан. Претходно е објавено дека индиските авиони пресретнале три пакистански ловци, кој влегле во воздушниот простор на Индија.
– Како одговор на пакистанските напади, утринава индиската авијација влезе во воздушниот простор на Пакистан. Соборени се два индиски авиони во пакистанскиот воздушен простор. Едниот авион падна во Кашмир, а другиот на индиска тереторија. Еден од индиските пилоти е уапсен од страна на пакистанските сили – напиша на Твитер пакистанскиот генерал Асиф Гафур.
Инаку, инцидентот се случи само еден ден по нападот на Индија на територијата на Пакистан.
The arrested Indian pilot #PakistanArmyZindabad#Budgam#PakistanAirForceOurPride#PakistanStrikesBack#PakistanZindabaad pic.twitter.com/UIPHFBv2Sk
— Radio Pakistan (@RadioPakistan) February 27, 2019