Американската тенисерка Никола Гибс, нема да настапи на престојниот Роланд Гарос откако по обичен преглед кај стоматолог и е откриен редок облик на рак. На 117 тенисерка на светот и е дијагностициран рак кој се шири под горната усна, а по направената биопсија утврдено е дека се работи за рак на плувачките жлезди.
Операцијата е закажан за петок, а според лекарите прогните за оздравување се добри.
– Се повлекувам од тенисот да крајот на сезоната и нема да се натпреварувам на Роланд Гарос. За среќа, овој облик на рак е излечив и мојот хирург е оптимист околу исходот на операцијата. Ми дозволи да одиграм неколку турнири во последните неколку недели, што за мене беше одличен психолошки третман – изјавила Гибс.