Британскиот студент Мајлс Рутлеџ (21) од Бирмингем пред пет дена пристигнал во Кабул, Авганистан, со цел да искуси „опасен“ туризам. Тој вели дека претходно гледал видеа на YouTube на кои земјата била промовирана како туристичка дестинација.
„Мислев дека Авганистан изгледа одлично – храната ми изгледаше добро и беше мошне евтино“ – вели тој за The Times.
Сепак, откако Талибанците почнале да го опколуваат градот тој сфатил дека се наоѓа во вистинска опасност и тврди дека од Британската Амбасада не можел да добие никаков одговор ниту на телефон, ниту на електронска пошта. Тој тврдеше дека се чувствувал напуштено и дека стравувал дека постои можност да го загуби животот.
Вчера(17.08) тој објави видео снимка на Facebook до која напиша:
„Среќен крај: Слетав во Дубаи благодарение на прекрасните луѓе од Британската Армија. Сите сме безбедни!“
Тој во текот на изминатите два дена даваше информации за тоа каде се наоѓа и што му се случува таму. Тврдеше дека бил евакуиран во безбедна куќа на Обединетите Нации со околу 100 други цивили.
Неговите постапки предизвикаа голем број негативни реакции на социјалните мрежи. Прво луѓето не го оправдуваат тоа што барал „опасен“ туризам, затоа што сметаат дека неговото место во авионот требало да биде дадено на некои воени лица што според нив сега со сигурност се соочуваат со закана смрт.
„Северна Кореја е добра дестинација“ – му порача саркастично еден човек на Facebook, земајќи ја предвид неговата несфатена желба за опасен туризам.
Инаку, ова очигледно не е првпат Мајкл да оди на „опасен“ туризам. Тој претходно на својот Facebook профил објавил фотографии за да се пофали дека пред две години бил и го посетил Чернобил.
Comments are closed.