Десетици луѓе останаа заробени во тунелот под Ла Манш откако се расипал возот кој сообраќал од Кале во Франција до Фокстон во Велика Британија, јавува Би-Би-Си.
Светлата се угаснале, клима уредите престанале да работаат, температурата пораснала на повеќе од 30 степени, а патниците цели шест часа не знаеле што се случува.
На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледаат патници кои се евакуирани во делот за итни случаи.
Тие беа прикажани како шетаат низ тунелот меѓу Велика Британија и Франција.
Тие на крајот биле ставени во воз за замена и однесени на терминалот Фокстон во Кент.
Компанијата најпрвин на Твитер објави дека возот се расипал, а подоцна во изјава за Би-Би-Си дека не, но навела дека се активирани алармите на него, што барало да се истражи причината и да се евакуираат патниците.
Со дел од 37,9 километри, овој тунел го има најдолгиот подводен дел во светот, јави Би-Би-Си.