Поранешната ракометарка и официјално најдобра ракометарка на сите времиња Светлана Цеца Китиќ изнесе малку познати детали од нејзиниот приватен живот. А тој бил како насловот на филмот “Четири венчавки и еден погреб“. Таа има зад себе четири брака, а мажот во која била заљубена и со кого има ќерка, бил убиен.
Прв пат се омажила на 19 години за фудбалерот Блаж Слишковиќ, а се развела само по четири месеци поради неговата посесивност.
По една година од разводот, Цеца се омажила за средношколската љубов, Драган Дашиќ со кого била четири години во брак. Од него го има синот Никола.
Третиот брак на ракометарката се случил во 1988 години кога се омажила за спортскиот менаџер Горан Богуновиќ, со кого ја има ќерката Мара. Таа неодамна откри дека за време на бракот Горан ја тепал.
-Третиот маж ме тепаше. Во прв момент молчев оти ми беше срам поради ќерка ми. Тоа траеше се до моментот кога повеќе бев во ургентен отколку во сала. Јас со тогашниот маж силеџија, во еден момент дојдов до тој степен што му реков: “убиј ме, јас повеќе вака не сакам да живеам“. Отидов во полиција и се раскажав – шокираше Светлана со својата искреност.
По третиот брак ракометарката се заљубила во бизнисменот Зоран Ковачевиќ -Коча, кој само по 15 дена од раѓањето на нивната ќерка Александра бил убиен на прагот на семејната куќа.
Четвртиот сопруг и бил Милан Магиќ со кога учествувала и во еден реалити серијал, но во 2014 години и од него се развела, како што рекла, поради големите разлики во карактерите.