Познатиот фудбалски тренер Свен-Горран Ериксон објави дека боледува од рак и му останува уште една година живот.
– Ситуацијата не е добра, тоа сите го разбираме. Се претпоставува дека е рак. Морам да се борам колку што можам. Не можете да си го измамите мозокот. Морам да бидам позитивен бидејќи ова е најголемата неволја , изјави Ериксон тврдејќи дека му останува уште една година живот, можеби и помалку..
Тој има богата тренерска кариера, која ја започна во 1977 година на клупата на шведскиот Дегерфорс. Потоа ги водеше Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Англија, Манчестер сити, Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Лестер, Гуангжу, Шангај, Шенжен и Филипини.
Во кариерата освои многубројни трофеи. Со Гетеборг сензационално триумфира во Купот на УЕФА во 1982 година, а со Бенфика трипати беше шампион на Португалија.
Со Рома го освои Купот на Италија, како и со Сампдорија. Со Лацио беше шампион на Италија во 2000 година, двапати освојувач на Купот на Италија и еднаш на Купот на победниците на куповите (КПК).