14 патници загинаа, а петмина се борат за живот во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кога автобус излетал и се превртел кај селото Ласкарци. Несреќата се случи вчера околу 17 часот.
Во автобусот на компанијата „Дурмо турс“ имало 50 патници. Од загинатите, седум починале на местото на несреќата, а останатите во болниците „8 Септември“, и во старата Градска болница во Скопје.
Од скопското Основно јавно обвинителство соопштија дека е земена првична изјава од возачот на автобусот, а извршена е и анализа на крв и урина. Деновиве ќе се прави увид и на трагите на кочење, а автобусот ќе се вештачи на Машинскиот факултет во Скопје за да се утврдат причините за големата трагедија.
Телевизијата “Klan Macedonia”го објави сведоштвото на еден од преживеаните патници кој што откри дека е во стабилна состојба, а потоа откри и како се случила несреќата.
“ Во стабилан состојба сум. Наеднаш изгуби контрола автобусот, од една лента во другата, па се првртевме. Додека се освестивме веќе бевме превртени. Автобусот беше полн оти луѓето се враќаа од работа“, рече патникот.
Владата на вонредна седница донесе одлука 14 и 15 февруари да бидат прогласени за денови на жалост.
Dëshmia e njërit prej udhëtarëve“Autobusi ishte i mbushur me udhëtar”
Posted by Klan Macedonia Television on Wednesday, February 13, 2019