Иинфлуенсерката Миа Костова сведочеше низ што поминала чекајќи да се врати во Македонија со компанијата „Туркиш ерлајнс“. Нема детали од која дестинација патува.
„Откако вчера ги откажаа апсолутно сите летови од 18 часот до утрово, не полетаа околу 12.000 луѓе, откако не возеа со бус до хотел на 50км од аеродром (саатипол), на принцип кој си фати бус негов е а во игра се 12.000 луѓе, хотелот катастрофа, го откажаа и следниот утрински лет за Скопје, пошо сигурно авионот им треба за побитни дестинации, откако ништо нема да рефундираат (луѓе добиле цели 9 евра за оброк) , денешниот вечерен лет е овербукт (наполнет), најава за уште еден авион нема. Или, на кратко: ВизЕр за Туркиш е Катар! Turkish, разочарување на векот сте“, напиша Костова.