Планинарот кој почина на Олимп е Мефали Гури, кој завчера со планинарското друштво „Шкупи“ заминале на Олимп, за да го искачат врвот Митикас.
Вообичаено, пред да се искачи врвот, планинарите преспиваат во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ од каде што во раните утрински часови, се упатуваат кон врвот. Но, несреќата се случила вечерта пред домот.
„Вчера дел од членките отпатувавме за Грција за да се искачиме на планината Олимп. Околу 20 часот бевме на 50 метри од планинарскиот дом. Во еден момент нашиот член и брат Мефали застана, се наведна над стапчињата и падна во несвест, тркалајќи се околу 10 метри. Истрчавме за да дадеме прва помош во рок од две минути, а пристигнаа и планинските служби за да дадат прва помош. Го дадоа својот максиумум. Со електричен удар се обидоа да го вратат во живот. Во планинарскиот дом требаше да ја поминеме вечерта и следниот ден да продолжиме да го искачуваме Митикас на Олимп. Го откажавме искачувањето и рано наутро се упативме кон градот Литихоро, каде што во моментов ги извршуваме потребните процедури за починатиот“, напиша претеседателот на друштвото Јашар Хирда на неговиот фејсбук-профил.