Мексиканскиот крал на дрогата, Хоаким“Ел Чапо“ Гузман (61) лично ги мачел и убивал своите непријатели, сведочеше пред судот во Њујорк, неговиот бивш телохранител Валдес Риос. Тој бил присутен кога биле фатени двајца припадници на “Синалоа“,,бандата на Ел Чапо кои сакале да пребегаат во ривалската банда “Лос Зетас“. Тие биле прогласени за издајници и цели три часа биле тепани.
“ Изгледаа како крпени кукли, сите коски им беа искршени и не можеа да мрднат. И покрај тоа Ел Чапо продолжи да ги тепа со својот пиштол и со стап“ – се присетува Риос.
На двајцата подоцна тој им пукал во глава, па им ги запалил телата за да нема траг од нив.
Третата жртва на чија смрт Риос присуствувал бил член на “Ариљано Феликс“ карталот. Тој прво била горен со пегла, па тортурата продолжила со горење со запалка и на крајот стапалата му биле запалени. Потоа човекот со големи болки бил чуван во шупа, а по неколку дена однесен на гробишта каде му било пукано во глава, и уште жив тој бил закопан.