Автобус со новосадски регистарски ознаки се запали на Граничниот премин Табановце. Патниците веднаш биле евакуирани, а на терен пристигнала и противпожарната единица од Куманово која со две возила успеале да го изгаси пожарот.
– Чад се гледаше два километри пред границата, мислевме дека гори некој објект. Не претпоставувавме дека станува збор за запален автобус – изјави сведокот Дејан Србиновски за Слободен печат кој се најде на местото на несреќата.
За среќа, засега нема повредени, освен понекоја мала гребнатинка кај патниците. Србиновски објаснува дека се враќал од Врање, а патниците самите излегле од автобусот и биле видно потресени и стравувале дека автобусот ќе експлодира.
Засега се уште не се знае причината за избувнатиот оган во автобусот.